25.04.2024 Скопје
Чави Ернандез и во следната сезона од клупата ќе го води тимот на Барселона.
Клупските челници од стадионот „Камп Ноу“ и Чави имаа средба во текот на денот и договорија продолжување на соработката.
Беше драматично попладне во вилата на претседателот Џоан Лапорта.
Чави пред неколку месеци најави дека ќе си замине на крајот на сезоната, но се предомисли.
Шпанските медиуми пренесуваат дека тој потпишал нов едногодишен договор и дека во клубот со кој имаше многу успеси како играч ќе остане до 30 јуни 2025 година.
Барселона моментално е на второто место во Ла Лига, со 11 бода помалку од лидерот Реал.
Подготвено од А.Ѓ.