04.04.2024 Скопје
Според податоците на Интерконтиненталната берза (ICE), цената на суровата нафта брент достигна максимум 89 долари за барел во вторникот, приближувајќи се на нивото последен пат забележано во јуни 2022 година.
Експертите го објаснуваат овој скок со израелскиот воздушен напад врз иранскиот конзулат во Дамаск и заканата на Техеран за одмазда.
Фјучерсите на „брент“ поскапеа за речиси два отсто од понеделникот на 89.060 долари за барел. Американскиот референтен индекс VTE (West Texas Intermediate) надмина 85 долари.
Иран – голем производител на нафта – му се закани на Израел со „остар“ одговор по нападот врз иранскиот дипломатски комплекс во Дамаск, при што загинаа седум воени советници, вклучително и тројца високи команданти.
Израел постојано ги гаѓаше иранските објекти во Сирија, поради наводната поддршка на Техеран за палестинската група Хамас во Газа.
Цените на нафтата пораснаа во последните месеци поради стравувањата дека војната во Појасот Газа може да се прошири и на Блискиот Исток. Регионот е водечки снабдувач на енергија и важен пат за транспорт на нафта. Во средината на март цената на „брент“ порасна на 85 долари за барел бидејќи јеменските Хути ги засилија нападите врз бродовите во Црвеното Море.
Според експертите, цената на нафтата би можела да достигне 150 долари за барел доколку Иран се вклучи во конфликтот.
Брент последен пат се тргуваше над сегашното ниво во јуни 2022 година (98.460 долари за барел на 28 јуни), според податоците на ICE, за време на раните фази на кампањата на западните санкции против Русија, главен извозник на нафта, поради конфликтот во Украина.
Скокот на цената на суровата нафта беше поттикнат и од намалувањето на производството на ОПЕК +, економскиот раст на Кина и очекувањата за глобален дефицит оваа година.
Подготвено од А.Ѓ.