https://www.flickr.com/photos/baryonicmatter/6030707224/in/photolist-abUX9L-s8mV-c7WkxW-ajVh9Q-izLB7p-94aHNB-Sq1E2m-4xUnsX-9maXL9-iWddRa-2XJu7d-7xnz1T-bvUw3S-7aooi5-EcMdY1-dX64LV-9vkdhP-as8ELt-6h9jKd-6b2RXY-bGf8yM-HdFYC-81W8yo-ddkT6H-9jTbdj-4VPi9F-eCrXr7-8VuRFt-4WYabZ-E3qWpW-681Ds8-7Cc8cj-G8FA-4D8PWa-8sLU9-ddkTAR-9uBPKj-4SKfJH-9Sagfo-3a5bm8-c7WjLL-dzZUuw-9VpEGg-jcFJzz-961ZfY-6Lwktu-4WP8Fe-5yjKrp-3sk911-9bqayA

23.04.2024 Скопје

Горан Ѓорѓиевски од Агро-бизнис комората при Сојузот на стопански комори (ССК) изјави дека неизвесно е што ќе се случува со војната во Украина и на Блискиот Исток која директно се рефлектира врз цената на нафтата. Не се знае ниту каква ќе биде жетвата во Русија и Украина и што ќе се случува со производството на жито. Но, во овој момент цената на лебот е стабилна и ќе остане иста.

Ѓорѓиевски истакна дека бизнисот и натаму стои зад либералниот концепт, дека секогаш понудата и побарувачката треба да ја одредуваат конечната цена.

Според претседателот на ССК, Трајан Ангелоски, Законот за забрана на нефер трговски практики и лимитирањето на цените на одредени прехранбени производи се две различни прашања.

Ангелоски напомена дека конкретно, во однос, на лебот, потрошувачката е на речиси исто ниво од пред лимитирањето на цените зашто голем дел од луѓето купуваат и други типови леб, чија цена не е ограничена.

Во однос на растот на цената на нафтата, Ангелоски е дециден дека онаму каде нафтата игра позначајна улога во цените, тоа ќе се одрази на пазарот.

Ангелоски потсети дека нафтата не е единствениот фактор што се одразува врз цените.

И тој и Ѓорѓиевски оценија дека земјава по кризата, во овие две години, не презема ниту една реална мерка, а мора да ја намали зависноста од енергенси како нафтата.

Во однос на листата на Министерството за економија која предвидува над 2.500 производи да бидат со ограничени маржи до 10 отсто, Ангелоски рече дека ССК реагирала зашто меѓу производите се и вискито, како и пармезанот, но досега од Министерството не добила никаков одговор.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author