03.04.2024 Скопје
Во некогашната македонска гордост за производство на автобуси веќе е стопирано производството, и дека таму е кажано оти оваа состојба ќе трае околу две недели, а работниците се пуштаат на 70 отсто од платата.
Наводно информациите што се шират низ работничките кругови се дека причина за ова е лошата состојба односно неизбежниот банкрот на фирмата мајка во Белгија.
Дури, се оди дотаму дека и македонскиот Ван Хол има многу неплатени обврски, и тоа кон македонски компании со кои соработува, и тоа оние добавувачи од кои обезбедува превоз, храна за работниците и слично.
Холандскиот медиум Омнибус од крајот на март објави,„Се уште ќе има пари до 31 март, а потоа касата ќе биде целосно празна“, изјавил Марк Званевелд, соработник на Филип Ван Хул на почетокот на 2024 година.
Ко-извршниот директор го презеде управувањето со Ван Хол. Тој беше и оној кој ја презеде водечката улога во развојот на планот за реструктуирање.
Бидејќи банкрот повеќе не може да се избегне, Марк Званевелд сега за белгиските медиуми изјавува дека единствениот начин да не се губат работни места и знаење е нов почеток со извесен купувач на компанијата, по нејзиниот банкрот.
Но, има и позитивни работи: во моментов за купување на Ван Хул разговараат две заинтересирани страни. Холанѓаните се заинтересирани за поделбата на автобусите. Производителот на автобуси VDL како дел од VDL Group во соработка со Schmitz Cargobull за приколките, како и Dumarey Group, која е белгиска компанија, со брендот Мелор кој е активен во светот на автобусите, и се заинтересирани да го преземат.
Ван Хол веќе поднел барање за заштита од доверителите во Стопанскиот суд во Мехелен. Тие сакаат да се осигураат дека операцијата е ажурирана. Може да се задржат натамошни мерки со цел да им се даде уште една шанса на преговорите со потенцијалните кандидати за преземање.
Подготвено од М.Д.