livadiste struga

01.04.2024 Скопје

ЕСМ Молика започна со целосна реконструкција на автокампот Ливадишта во Радожда, Струга, кој е изграден пред 50 години. Се менува водоводната и одводната инсталација, се реновираат тоалетите и купатилата, се заменува инсталацијата за напојување со електрична енергија.

Активностите се во насока на подигнување на квалитетот на услугите и збогатување на содржините што ги нуди ова популарно одморалиште на брегот на Охридското езеро. Целта е во пресрет на летната туристичка сезона, Ливадишта конечно да прерасне во современ автокамп, со европски стандарди.

„Сите постоечки градежни парцели во автокампот ќе бидат реконструирани. Функционалните камп приколки во одморалиштето ќе бидат репарирани, а оние што веќе не можат да овозможат квалитетно сместување ќе бидат отстранети“, соопштуваат од ЕСМ Молика.

Плажата во Автокампот Ливадишта ќе добие нов, ситен песок, како и простор за детска забава и анимација.

Подготвено од М.Д.

About Author