25.04.2024 Скопје
Претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова со убедливо водство пред опонетот Стево Пендаровски од СДСМ ќе влезе во втриот круг од претседателските избори закажани за 8. мај.
Професорката за вчерашниот резултат рече дека е неверојатно инспиративен за нејзе и дека нема зборови со кои може да ја искаже благодарноста.
– Горда сум на мнозина, најпрво на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене, туку и на останатите. Особено сум горда на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, заради поддршката, горда сум на мојот тим, ме подреа, ме критикуваа, горда сум на учесниците во изборната трка. Мислам дека сите знаеме дека изборниот процес е најстравствениот политички процес, но сепак во дебатата, во изјавите не го пречекоривме лимитот на пристојноста. Горда сум на коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ, зошто каде и да бев јас, таму беа и тие, со поддршка. Се создаде една невидена синергија. Посебно сум горда на жените во Македонија, без оглед на било каква припадност мислам дека е време за идентификација на жена со жена. Жените беа мојата инспирација, мислам дека сум и јас нив. Нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата, ќе покажеме дека имаме во себе знаење, ум, креација и вредно е ова општество да го искористи сето тоа, порача синоќа Гордана Силјановска Давкова.
Подготвено од М.Д.