15.04.2024 Скопје
Оваа измена во работењето на финансиските друштва доаѓа откако Министерството за финансии го донесе Правилникот за утврдување кредитен ризик, со што се врши системска контрола на финансиските друштва кои нудат брзи кредити. Тоа подразбира идентификување, мерење, контрола и следење на кредитниот ризик, што вклучува и процедури за процена на кредитната способност, за идентификација и ажурирање на податоците на клиентите. Со ова, според Министерството, се воспоставува системска контрола во работењето на овој вид друштва.
Можноста која овие друштва ја нудеа, одобрување кредит преку он лајн апликација, многумина ја злоупотребиле, за што честопати претставки стигнлувале и до Народниот правобранител, Насер Зибери. Тој вели дека иако институцијата Народен правобранител нема надлежност, биле упатувани апели да се измени Законот за финансиски друштва, за да се воведе ред и дисциплина.
Народниот правобранител исто така побарал и зголемување на надзорот врз овие друштва од Народната банка а од МВР е побарано да се отворат истраги.
Подготвено од М.Д.