23.04.2024 Скопје
Филипо Гранди, високиот комесаријат на ОН за бегалци и Волкер Турк, високиот комесаријат за човекови права на ОН, во заедничка изјава ја повикаа Британија да го разгледа својот план за префрлање на барателите на азил во Руанда.
Двајцата функционери предупредија дека потегот ќе има штетно влијание врз човековите права и заштитата на бегалците. Воедно, ја повикаа Британија да преземе практична акција за справување со нерегуларните текови на мигранти и бегалци.
Филипо Гранди истакна дека новиот закон означува уште еден чекор подалеку од долгата традиција на Обединетото Кралство за обезбедување засолниште за оние на кои им е потребно, што исто така, ја прекршува Конвенцијата за бегалци.
Во текот на вчерашниот ден, британскиот парламент усвои закон со кој се дозволува илегалните мигранти да се испраќаат во Руанда каде ќе се разгледуваат нивните барања за азил.
Британскиот премиер Риши Сунак вчера вети дека ќе почне да испраќа баратели на азил во Руанда во рок од 10 до 12 недели.
„Владата има резервирано комерцијални чартер авиони и има обучено персонал да испраќа мигранти во Руанда“, објави британскиот премиер Риши Сунак.
Десетици илјади мигранти, од кои многумина бегаат од војните и сиромаштијата во Африка, Блискиот Исток и Азија, стигнаа до Велика Британија во последниве години поминувајќи го Ла Манш со мали чамци на ризични патувања организирани од шверцери.
Подготвено од М.Д.