okeannn

17.04.2024 Скопје

Европската унија ќе потроши 3,5 милијарди евра оваа година за заштита на океаните и подобрување на одржливоста преку серија иницијативи, изјави европскиот комесар за екологија, океани и рибарство Биргиниус Синкевичиус.

Околу 40 обврски на ЕУ објавени за време на годишната конференција „Нашиот океан“ во Атина оваа недела се движат од борба против загадувањето на морето до поддршка на одржливиот риболов и инвестициите во таканаречената сина економија – одржливо користење на морските и водните ресурси за пиење за економска активност.

„Океанот е дел од тоа што сме ние и дел од нашата заедничка одговорност“, нагласи Синкевичиус.

Службата за климатски промени на ЕУ „Коперник“ минатиот месец објави дека температурата на океаните достигнала рекордно високо ниво во февруари. Голема закана за океаните е прекумерниот риболов и пластичниот отпад.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author