11.04.2024 Скопје
Нападите на руската нуклеарна централа „Запорожје“ може да доведат до нуклеарна катастрофа, предупреди високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
„Непромислен напад со беспилотни летала врз нуклеарната централа „Запорожје“ го зголемува ризикот од опасна нуклеарна несреќа. Таквите напади мора да престанат“, напиша Борел на платформата „Икс“, коментирајќи ја серијата напади со камикази беспилотни летала врз нуклеарната централа. во градот Енергодар, во регионот Запорожје.
Тој додаде дека „Русија треба да се повлече од нуклеарната централа Запорожје“.
Неколку украински беспилотни летала вооружени со бомби погодија делови од комплексот, вклучително и мензата и товарниот простор, во неделата, 7 април. Прес-службата на електраната соопшти дека е соборен дрон над куполата на реакторот број шест.
Вчера уште еден дрон го погоди тренинг центарот во рамките на нуклеарната централа, каде што се наоѓа единствениот симулатор на реакторската сала во светот.
Подготвено од А.Ѓ.