borel nemiri rusija

17.04.2024 Скопје

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел изјави дека ЕУ ќе почне да работи на предлогот на неколку земји-членки за воведување нови санкции кон Иран во врска со нападот врз Израел.

„Некои земји-членки предложија усвојување на продолжување на рестриктивните мерки против Иран. Ќе испратам барање до дипломатската служба на ЕУ да ја започне потребната работа во врска со овие санкции“, изјави синоќа Борел по вонредната видео-конференција со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.

Борел објасни дека се работи за предлог за проширување на санкциите, со што, меѓу другото, ќе се ограничи испораката на ирански беспилотни летала за Русија, како и за иранските соработници на Блискиот исток, како што се групите Хамас и Хезболах.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author