25.04.2024 Скопје
Потребно е ЕУ да и даде простор на дипломатијата со Иран, бидејќи санкциите сами по себе нема да го намалат ризикот од ескалација на Блискиот Исток, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
„Санкциите сами по себе не се политика. Санкциите се алатка на политиката. Самите санкции не можат да го одвратат Иран. Тоа треба да биде очигледно по толку многу години меѓународни санкции. Иран е, заедно со Северна Кореја, најсанкционираната земја во светот. Санкциите сами тие не можат сами да го решат ризикот од ескалација, а дипломатијата мора да биде подеднакво важна“, рече Борел.
Тој додаде дека верува оти „ова е моментот да се вложат максимални дипломатски напори за смирување на ситуацијата“.
Членовите на Европскиот парламент на пленарна седница во Стразбур расправаат за неодамнешниот напад на Иран врз Израел.
Иранската револуционерна гарда лансираше повеќе од 300 беспилотни летала и проектили кон Израел на почетокот на овој месец во својот прв директен напад на израелска територија.
Нападот беше одмазда за израелскиот воздушен напад врз иранскиот конзулат во Дамаск, главниот град на Сирија. Израелската војска објави дека израелските системи за противвоздушна одбрана пресретнале 99 отсто од воздушните цели.
Подготвено од А.Ѓ.