03.04.2024 Скопје
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Украина се наоѓа во „критичен момент“ во војната со Русија и итно и е потребна поголема поддршка од Западот.
„Апсолутно е неопходно Украинците да добијат одбранбени резерви, особено кога станува збор за муниција и противвоздушна одбрана“, рече Блинкен за време на посетата на Франција.
Тој посочи дека поради оваа причина американскиот претседател Џо Бајден побарал од Конгресот што поскоро да обезбеди дополнителен буџет за воена помош за Киев.
Бајден побара од Претставничкиот дом на САД, под контрола на републиканците, да го поддржи пакетот за воена и финансиска помош, но претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон го одложи прашањето со месеци.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека доколку Украина не добие помош, неговите сили ќе мора да се повлечат „со мали чекори“.
Блинкен и францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорни претходно ја посетија фабриката каде што се произведуваат хаубици „Цезар“ на Некстер.
Лекорни рече дека Некстер работи на производство на 12 „Цезари“ месечно.
Подготвено од А.Ѓ.