https://www.flickr.com/photos/157258934@N08/40381467664/in/photolist-24wnzt7-5xnKUf-441URh-43ZS51-43WDGe-5dX8HU-43ZS8A-7FyjS5-5xnMum-2i9m1v-aE1atX-ydnEp-43WDFV-441ibA-oTW2rm-pNG22A-pykt5L-5dSPBp-441USm-42EZ9i-441PNU-pNG22W-okYVTq-43VRZP-fEmsq4-oTW2m1-43VRYV-43VRZr-43Wii6-42KvW1-zugfyy-47B6wm-5xnKfG-hPEHtZ-26GXkG1-2giPD4T-g5MTj2-2kaZEDG-2gNEr9i-pfyLKU-2nrpgKC-f7QvAs-cytLyC-44173w-441PDy-2aex3h9-2ik5Ngr-43WDDK-441dkh-oQY21z

15.04.2024 Скопје

Цените на нафтата благо паднаа минатата недела бидејќи трговците се загрижени поради забавувањето на економскиот раст, а со тоа и побарувачката на „црното злато“, додека цените се поддржани од тензиите на Блискиот Исток.

На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела се лизна за 0,8 отсто, на 90,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за повеќе од 1 отсто, на 85,66 долари.

Во средината на неделата, цените на нафтата беа на највисоко ниво во последните шест месеци, но потоа паднаа бидејќи новите податоци покажаа дека инфлацијата во САД сè уште се движи на покачено ниво.

Имено, тоа значи дека американската централна банка ќе ги држи каматните стапки на покачено ниво подолго од очекуваното, па можно е дополнително забавување на растот на најголемата светска економија.

Бидејќи и другите големи потрошувачи на нафта не се во најдобра економска „форма“, тешко е да се очекува значително зголемување на побарувачката.

Но, на крајот на неделата, цените на нафтата вратија дел од загубите поради тензиите на Блискиот Исток, откако Техеран објави одговор на неодамнешниот израелски напад врз иранскиот конзулат во сирискиот главен град Дамаск, во кој загинаа неколку високи воени претставници и дипломати.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author