solun

22.04.2024 Скопје

Можностите за проширување и зајакнување на економската соработка меѓу Република Северна Македонија и Грција ќе ги разгледаат бизнис делегациите на двете земји кои на 13 јуни ќе одржат средба во Солун.

Од Стопанската комора од Солун соопштија дека ќе бидат домаќини на бизнис делегација од 18 бизниси предводени од претседателот на Стопанската комора на Република Северна Македонија, кои ќе одржат (B2B) средби со претставници на грчки бизниси со цел разгледување на можностите за нови соработки.

Компаниите од Република Северна Македонија кои ќе учествуваат на бизнис состанокот се од различни области во трговскиот, индустрискиот и услужниот сектор, како што се енергетиката, градежништвото и ИТ технологиите.

На почетокот на состанокот, планиран е отворен настан за перспективите за зајакнување на економска соработка меѓу Грција и Република Северна Македонија.

Од Стопанската комора на Солун упатија повик до грчките бизниси кои се заинтересирани да одржат средба со нивните македонски колеги, до средината на мај да достават пријави за учество.

Подготвено од М.Д.

About Author