12.04.2024 Скопје
Белата куќа соопшти дека Владата на американскиот претседател Џо Бајден ќе отпише долг од 7,4 милијарди долари за 277.000 студенти.
На почетокот на овој месец, Бајден најави мерки за олеснување на студентскиот долг од кои ќе имаат корист најмалку 23 милиони Американци. Ова е клучно прашање за младите гласачи, чија поддршка му е потребна на демократскиот претседател пред изборите во ноември.
Бајден минатата година вети дека ќе најде други начини за борба против студентскиот долг, откако Врховниот суд во јуни го блокираше неговиот поширок план за отпишување долг од 430 милијарди долари.
Подготвено од А.Ѓ.