bajden apneja mehanicka ventilacija

11.04.2024 Скопје

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Вашингтон размислува да ги повлече обвиненијата против основачот на Викиликс Џулијан Асанж, по барање на австралиските власти.

Асанж, кој е австралиски државјанин, беше пренесен во лондонскиот затвор Белмарш во април 2019 година, откако беше осуден за прекршување на условите за кауција.

Тој се соочува со обвиненија за шпионажа во САД и може да се соочи со вкупно 175 години затвор доколку биде осуден.

Американското обвинителство бара екстрадиција на Асанж за да се соочи со судење во врска со објавувањето на голем број доверливи американски воени документи и дипломатска кореспонденција.

Обвинителството тврди дека животите на агентите се во опасност и дека нема оправдување за неговиот чин.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author