02.04.2024 Скопје
Автопатот Кичево – Охрид доби нов рок за да биде завршен. На вонредна и итна седница, на само три дена пред почетокот на изборната кампања, власта и опозицијата заеднички се договорија да биде завршен до крајот на 2026 година. Ваквото пролонгирање на изградбата која трае една деценија, според минситерот за транспорт и врски нема да предизвика финансиски импликации за државата.
Изградбата на автопатот со вкупна должина од 57 километри првично беше проектирана на 374 милиони евра, а по неколкуте анекси на договорот и продолжувања на роковите неговата цена достигна 598 милиони евра.
Но, ова не е единствената измена што ја направија народните избраници. Со експресни измени на Изборниот законик и без ждрепка, партиите во голем дел го одредија изглeдот на гласачкото ливче за парламентарните избори на 8 мај. Тие се согласија пратеничките листи и претседателските кандидати од иста партија да носат ист број на гласачкото ливче, доколку на тоа се согласи самата партија.
Подготвено од М.Д.