policija

04.04.2024 Скопје

Припадници на сообраќајната полиција во Грац имале крајно необична средба со 28-годишен возач од Хрватска кој бил фатен како вози со лажна возачка дозвола.

Според австриските медиуми, Хрватот бил запрен вчера околу 17:30 часот, а по проверка на возачката дозвола било утврдено дека се работи за фалсификувана исправа. Инаку, исклучително интересно е неговото објаснување од каде ја добил лажната возачка дозвола, имено, признал дека ја купил за 1000 евра, бидејќи во татковината му била одземена возачката дозвола.

Со оглед на неговото однесување, полицијата веднаш се посомневала дека возачот бил во алкохолизирана состојба. Сепак, тој одбил алкотест.

По проверка на неговото возило, полицијата констатирала неколку технички дефекти. Отстранети се и двете регистарски таблички. Тој ќе биде пријавен за повеќекратни прекршоци: од фалсификување документи до управување со неисправно возило во алкохолизирана состојба.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author