22.04.2024 Скопје
Коалицијата „ВРЕДИ“ обвини дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, не им дозволила да го организираат централниот митинг на Плоштадот Македонија во Скопје.
Нивното барање било тој да се реализира во понеделник.
Тврдат дека тоа е сторено поради страв од, како што велат, народната поддршка што ја има коалицијата.
Албанската коалиција на опозициските партии најави дека централниот митинг сепак ќе го одржат в понеделник во Скопје, но на Плоштадот Скендербег во Старата скопска Чаршија.
Подготвено од М.Д.