17.04.2024 Скопје
„Алкалоид“ АД Скопје вчера донираше течен „Омепразол“ за лекување над 200 деца кои се пациенти во Детска клиника и болницатаза респираторни заболувања „Козле“. Вкупната вредност на донацијата е 12,5 милиони денари и овој лек ќе биде доволен за лекување на децата кои имаат проблеми со голтање цела година.
„Со оваа донација наменета за децата, како една ранлива возрасна категорија кога станува збор за одредени дигестивни нарушувања, како компанија даваме свој придонес кон олеснување на процесот на нивно лекување и на подобрување на квалитетот на животот на пациентите.
Поаѓајќи од нашиот врвен приоритет -Луѓето и здравјето пред сѐ, на кој се темели компаниската мисија за поздрав живот на секој поединец, ‘Алкалоид’ со децении помага онаму каде е најпотребно. Грижата за заедницата во која делуваме, особено онаа насочена кон најмладите, останува наш приоритетен сегмент во компаниското портфолио за општествена одговорност“, истакна Генералниот директор и Претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов.
Подготвено од М.Д.