albanija

12.04.2024 Скопје

Во врска со поморската безбедност, Албанија планира да набави еден воен брод и друг на средно ниво. Додека пак, на терен ќе има и засилување со оклопни автомобили и системи за противвоздушна одбрана со среден дострел.

Албанија во следните 10 години има за цел да ги модернизира вооружените сили за да одговори на новите безбедносни предизвици.

Во објавата се наведува дека планот дури предвидува и развој на платформи за лансирање ракети со долг дострел. Исто така, ќе продолжи да обезбедува хеликоптери за повеќекратна употреба, било за цивилна одбрана или за воени операции. Новина во овој случај е одредбата за купување борбени авиони.

По отстранувањето од употреба на авионите „МИГ“ и другите модели производство пред 1990 година, ова е првпат албанската армија да има за цел да го надополни ова, по обезбедувањето беспилотни летала и хеликоптери од земјите партнери.

Поморската одбрана ќе биде засилена со брод од среден дострел и воен брод. Копнената одбрана се очекува да има на располагање оклопни возила а ќе продолжи да се обезбедува лесно оружје за баталјоните во Албанија. Исто така, и по барањето на Украина и одлуката за НАТО алијансата, како приоритет, земјата ќе го зголеми производството на лесно оружје и муниција.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author