12.04.2024 Скопје
Антикорупциска ја објави одлуката со која констатира дека Академијата за судии и јавни обвинители го прекршила Изборниот законик со затоа што во предизворието го продолжила тестирањето за идните академци, постапка која треба да заврши со вработување на определено.
На потег е Академијата од каде најавија дека во рокот од 24 часа ќе поднесат тужба пред управнот суд. На списокот имаат повеќе процедурални повреди. Мегу нив е прашњето за судир на интерес.
Покрај двајцата члена што сами се повлекле, од Академијата сметаат дека уште тројца други требало да се изземат. Еден предавал на академијата, друг бил пријавен токму за оваа генерација која сега полага приемен испит, а сопругот на третата бил донатор на ВМРО-ДПМНЕ.
Меѓу забелешките на листата на академијата е и тоа што не биле повикани сведоците што тие ги предложиле а за процедурална повреда го сметаат и тоа што одлуката ДКСК ја донела претходно а јавната сендица била само формалност.
Во врска со оваа забелешка на академијата, но и за судирот на интерес на членовите, од ДКСК одговорија дека седицата била одржана во согласност со начелата на законитост, интегритет, еднаквост, јавност, заштита и одговорност уредени во Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.
Силјановска укажа дека во предизборниот период треба да се ставаат во мирување сите вработувања и тестирања освен оние што имаат итен карактер, а дека случајот со академијата не е таков и дека не држат нивните аргументи дека не станува збор за класичен работен однос.
Габер Дамјановска пак објаснуваше дека процедурата е почната пред повеќе од една година и дека до вработување нема да дојде во изборниот период, а последиците од застојот ќе ги почувствува правосудството.
Дкск најави дека ќе иницира постапка за утврдување одговорност пред надлежните органи. Откако ќе ја добие тужбата Управниот суд ќе треба да случи во рок од 48 часа.
Подготвено од М.Д.