https://www.facebook.com/ustaven.oficijalna.stranica/photos/a.102609862302690/102614638968879

15.04.2024 Скопје

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ не го прекршила изборниот законик со тоа што не го стопирала приемот и тестирањето на кандидатите во тек на изборен процес, пресече Управниот суд.

Судскиот совет ја усвои тужбата на академијата поднесена против одлуката на Антикорупциската комисија донесена во средата според која Академијата ги прекршила законите со тоа што не го стопирала  процесот на селекција на кандидати.

Во образложението на пресудата, судијката Герасимовска наведе дека во текот на постапката пред антикорупциската комисија биле направени суштествени повреди во однос на составот на комисијата при одлучувањето и носењето на одлуката во однос на изземањето и непостапување по барањата на тужителот за изземање на три члена како и повреда при примена на материјалното право и погрешна нецелосно утврдена фактичка состојба во однос на член 8 а од Изборниот законик во однос на итни и неодложни постапки,

При изрекувањето на пресудата во судницата беа присутни претседателката на академијата, Наташа Дамјановска Габер, државниот секретар Сања Пандилов и претставник на Антикорупциската комисија, додека претседателскиот кандидат и подносител на иницијативата до ДКСК, Гордана Силјановска Давкова задоцни и влезе во судницата откако пресудата беше прочитана.

На јавната расправа која се одржа неколку часа претходно Габер во своето обраќање пред судскиот совет ја нагласи неодложноста за прием и тестирање на кандидати поради  фактот што во 2022 година голем број судии заминале во пензија како и непредвидливоста кога ќе се заврши изборниот процес со формирање на Влада

Претседателката на Антикорупциската комисија нагласи дека одлуката на која се повикува Академијата е донесеа од друг состав на комисијата и во други услови и затоа не може да се земе како меродавна.

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска – Давкова пак во своето обраќање кажа дека тужбата на Академијата е само одолговлекување  и обид тековниот процес да се стави во мирување.

Подготвено од М.Д.

About Author