15.04.2024 Скопје
Парламентарните избори во Индија ќе се одржат од 19 април до 1 јуни и ќе можат да гласаат 968 милиони луѓе.
Граѓаните ќе избираат 543 пратеници во Долниот дом на парламентот. На претходните избори, Индиската народна партија (БЈП) на премиерот Нарендра Моди освои 303 пратенички места, а опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) освои 52 места.
Гласачите ќе гласаат на електронски машини за гласање, а за да се обезбеди безбедност на избирачките места низ Индија, гласањето се спроведува во седум фази: 19 април, 26 април, 7 мај, 13 мај, 20 мај, 25 мај и 1 јуни.
Од вкупно 968 милиони гласачи, 497 милиони се мажи, а 471 милион жени, кои традиционално излегуваат во поголем процент од мажите.
Главни ривали се актуелниот премиер Моди, кој се обидува да го освои својот трет мандат во коалицијата Национална демократска алијанса предводена од неговата партија БЈП и кандидатот Рахул Ганди пред опозициската коалиција ИНДИЈА.
Анкетите предвидуваат нова победа за Моди.
Подготвено од А.Ѓ.