22.04.2024 Скопје
Во Црна Гора 34.000 деца до пет години се незаштитени од мали сипаници (морбили), опасна заразна болест која брзо и лесно се шири, бидејќи не се вакцинирани со МРП вакцината и ова е алармантна информација, предупреди епидемиологот д-р Милена Поповиќ – Самарџиќ.
Таа објасни дека морбилите се шират многу лесно и дека е доволно заболено лице, кое нема ни симптоми, само да прошета низ собата и да кашла и сигурно ќе зарази некој што не е вакциниран.
Таа посочи дека најмалку заштитени се децата кои се родени во 2023 година бидејќи родителите не ги донеле на вакцинација.
„Најопасните симптоми се развиваат кај децата кои се инфицираат на возраст од две до пет години. Тие развиваат тешки компликации. Имаме најниска стапка на вакцинација во најмладата возрасна категорија – само седум проценти примиле МРП вакцина. Дури 92 отсто на децата од таа категорија не се заштитени, што ќе се согласите е алармантна информација“, изјави д-р Поповиќ-Самарџиќ.
Според неа, најниски стапки на вакцинација има во Будва, Улцињ и Тиват.
Д-р. Поповиќ – Самарџиќ вели дека вакцините се сосема безбедни бидејќи ниту еден лек не поминува низ толку ригорозни процедури како вакцината што се дава на здрави луѓе.
Подготвено од А.Ѓ.