25.04.2024 Скопје
Американската компанија на електрични автомобили Тесла најави дека ќе укине 400 работни места во фабриката во Берлин, наведувајки ја слабата продажба, и дека поради слабата побарувачка и големата конкуренција во цените ќе отпушти повеќе од десетина од своите работници ширум светот, што би значело отпуштање на повеќе од 14.000 вработени.
Од компанијата не ја прецизираа точната бројка, а според годишниот извештај за 2023 година, во декември вработиле 140.473 работници.
Компанијата во четвртокот соопшти дека нема да ги обнови договорите на 300 „привремени“ работници во фабриката во Груенхајде. Портпаролката на Тесла нагласи дека „работниците на Тесла не ги добиле отказите“.
На почетокот на месецот, Тесла прелиминарно објави дека испорача приближно 387.000 возила во првиот квартал, што е за околу осум проценти помалку отколку во првите три месеци од 2023 година, без, меѓу другото, кризата во Црвеното Море и пожар во близина на фабриката во Берлин.
Компанијата ги намали цените неколку пати минатата година за да ја одржи побарувачката, што се одрази со скок на продажбата од 40 отсто и продадени 1,8 милиони автомобили. Приходот на крајот на годината нагло забави, на само три проценти, а раководството предупреди дека во 2024 година очекува значително послаб раст.
Подготвено од М.Д.