OPSTINA KAVADARCI

20.03.2024 Скопје

Во завршна фаза е проектот за Интервентен центар за привремено згрижување на жртви на семејно насилство, жртви на елементарни непогоди и лица со социјален ризик во Кавадарци. Во увид на терен денеска беше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Станува збор за реконструкција и пренамена на постојан објект, од социјален карактер, што вклучува шест апартмани.

Вкупната вредност за реализација на овој проект изнесува 6.322,282,77 денари со вклучен ддв од кои 3.376.361,00 денари се обезбедени од Биро за регионален развој и учество на Општина Кавадарци со износ од 2.945.921,77 денари, појасни градоначалникот.

Тој упати благодарност до ОБСЕ и другите донатори за опремување на објектот.

Подготвено од М.Д.

About Author