19.03.2024 Скопје
Енцефалитис од долината Мареј (MVE), болест која се пренесува преку комарци, за прв пат е пријавена оваа година во регионот Кимберли во Западна Австралија, а WA Health ги повика локалните жители и посетителите да се заштитат од каснување од комарци бидејќи тоа е сериозна и потенцијално фатална болест, која минатата година заврши со смрт на дете во тој крај.
Симптомите вклучуваат треска, поспаност, главоболка, вкочанет врат, гадење и вртоглавица, предупредуваат тие. Треската може да биде единствениот знак за рана инфекција кај децата и секој што ќе почувствува некој од горенаведените симптоми треба веднаш да побара лекарска помош.
Болеста ја пренесуваат комарците, а многумина се заразиле за време на риболов или кампување, предупреди научникот Ендрју Жардин и повика на употреба на репеленти.
Иако ризикот од инфекција и болест е низок, болеста предизвикана од вирусот може да биде тешка во некои случаи.
Предупредувањето доаѓа откако во регионот се пријавени други болести кои ги пренесуваат комарците, вклучително и зголемување на случаите на вирусот на Ross River (RRV), додека минатата година јапонскиот енцефалитис (JE), единствениот може да се спречи со вакцина, за разлика од MVE- и RRV.
Подготвено од А.Ѓ.