29.03.2024 Скопје
КФЦ Нигерија се извини откако управата на аеродромот во земјата затвори еден од своите ресторани поради наводна дискриминација на клиент со посебни потреби.
Адебола Даниел, син на поранешниот гувернер на нигериската држава Гбенга Даниел, во објава на Икс рече дека му било наредено да го напушти ресторанот КФЦ на аеродромот во Лагос поради неговата инвалидска количка. Објавата предизвика широко распространет бес.
Тоа, исто така, поттикна истрага од федералната управа на аеродромот, што заврши со затворање на филијалата.
Во долга нишка, Даниел го опиша инцидентот, кој се случил во вторникот, како „најлошиот вид на јавно понижување“ што некогаш го доживеал.
Тој тврди дека менаџерот на КФЦ на меѓународниот аеродром Муртала Мухамед во Лагос, најпрометниот аеродром во Нигерија, му одбил услуга и покрај повеќекратните молби од неговата сопруга и двајцата браќа, кои патувале со него.
Во објава на Икс во четвртокот, КФЦ Нигерија му се извини на Даниел и најави мерки за справување со ситуацијата, вклучително и обука на своите вработени за вклучување и емпатична услуга за клиентите.
Изјавата уследи по затворањето на ресторанот од страна на Федералната управа за аеродроми на Нигерија (ФААН) и наредбата на властите КФЦ да му се извини на Адебола. ФААН, исто така, му нареди на синџирот за брза храна да прикаже политика за недискриминација во ресторанот како услов за повторно отворање.
Подготвено од А.Ѓ.