21.03.2024 Скопје
Вработени во подрачната единица на Центарот за јавно здравје Берово минатиот месец пријавиле епидемија кај заболени деца кои престојуваат во детска градинка.
Регистрирани биле 12 деца, лабораториски потврдени на салмонелоза, пишува во новиот билтен на Институтот за јавно здравје за движењето на акутните заразни заболувања во државата во месец февруари. Откако надлежните направиле епидемиолошко истражување, дале препорака за безбедно чување и приготвување на храната и одржување на личната хигиена.
„ДСЗИ доби информација од епидемиолог, за две пријави за изолиран и докажан причинител на заразно заболување Salmonella enteritidis spec. кај деца на 4-годишна возраст кои посетуваат градинка во Берово. Во детската градинка во Берово извршен е вонреден инспекциски надзор при што од санитарно-хигиенски аспект не се констатирани недостатоци.
При надзорот од страна на епидемиологот од ЦЈЗ Кочани, земени се материјали од жива и нежива средина како и примероци од храна за микробиолошко испитување“, велат во ДСЗИ.
Подготвено од М.Д.