https://www.facebook.com/photo.php?fbid=418816243620753&set=pb.100064771413898.-2207520000.&type=3

05.03.2024 Скопје

На северот на Европа започнаа големи воени вежби. Додека се чека официјалното влегување на Шведска во НАТО, Финска за прв пат ќе учествува како полноправна членка на западната воено-одбранбена алијанса.

Вежбите ќе траат речиси две недели, а ќе учествуваат 20.000 војници од 14 земји. Норвешките офицери ќе спроведат вежба со цел да се подготват силите за војна на северното крило на НАТО алијансата. Nordic Response 24 ќе се одржи на територијата на Шведска, Норвешка и Финска, а покрај споменатите земји ќе учествуваат и Белгија, Велика Британија, Канада, Данска, Франција, Германија, Италија, Холандија, Шпанија и САД.

Во соопштението на финската војска за вежбата се наведува дека вежбата ќе ги покаже оперативните способности на НАТО, кохезијата и волјата да ги брани сите членки на НАТО.

Воената вежба на европскиот север е дел од пошироката воена вежба на НАТО, наречена Steadfast Defender 24, која ќе трае од јануари до мај оваа година, од Шведска и Финска до Унгарија и Грција. Тоа е најголемата воена вежба на западната алијанса од Студената војна.

Финска е последната земја што се приклучи на НАТО, отфрлајќи ја традиционалната неутралност, а соседна Шведска се очекува да го стори тоа до крајот на месецот. Вежбата секако е насочена кон опасноста од исток, од Русија.

Финска и Русија историски биле во војна, а делат граница долга 1.340 километри.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author