evropska unija pomos ukraina

04.03.2024 Скопје

Силвио Гонзато, амбасадорот на ЕУ во Тирана, на властите во Албанија им порача дека против корупцијата мора да се борат одлучно.

Амбасадорот Гонзато на настан што го организираше албанското Министерство за правда за реформите во правосудството и борбата против корупцијата вели дека резултатите во борбата против корупцијата се услов за европскиот пат на Албанија.

Гонзато нагласи дека Албанија ќе ја има поддршката од Европската унија, но ќе мора да се бори против корупцијата, бидејќи тоа е и причина поради која младите си заминуваат.

Според него, резултатите против корупцијата треба да бидат видливи и конкретни во Албанија, но и во целиот регион на Западен Балкан.

Амбасадорот Гонзато во својот говор рече дека треба да се зајакне правната рамка и да се воспостават институции со висок интегритет.

ЕУ обезбеди речиси 100 милиони евра како поддршка за борбата против корупцијата во Албанија, рече Гонзато, притоа нагласувајќи дека е потребна силна политичка иницијатива за остварување на заложбите.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author