MAKEDONSKI PASOS

01.03.2024 Скопје

Министерството за внатрешни работи преку соопштение до јавноста утрово вели дека од денес термини за закажување на лични документи можат да се закажат електронски.

„Ја информираме јавноста дека од вчера воведовме уште една нова секција на веб сајтот https://termin.mvr.gov.mk/” која има за цел да придонесе кон побрзо закажување на термин за фотографирање за лични документи.

Имено, во оваа секција наречена „Поднеси барање за термин“ граѓаните го внесуваат својот матичен број, телефон за контакт и избираат за кој документ би сакале да закажат термин.

Откако ќе го испратат барањето, операторите од повикувачкиот центар ќе ги исконтактираат на наведениот телефон за контакт за да го опслужат нивното барање во најкус можен рок“, велат од МВР.

До оваа секција директно може да се пристапи преку следниот линк: termin.mvr.gov.mk.

Подготвено од М.Д.

About Author