vuchikj

27.03.2024 Скопје

Александар Вучиќ, претседателот на Србија, соопшти дека на оваа земја и претстојат тешки денови.

„Во овој момент не е лесно да се каже какви вести добивме во последните 48 часа. Тие директно ги загрозуваат виталните национални интереси и на Србија и на Српска“, напиша Вучиќ на Инстаграм профилот „buducnostsrbijeav“ без да прецизира за што точно се работи.

Тој рече дека претстојните предизвици се „најтешките досега“.

„Во наредните денови ќе го запознаам народот на Србија со сите предизвици кои ни претстојат. Ќе биде тешко, најтешко досега. Ќе се бориме, Србија ќе победи“, изјави Вучиќ.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author