23.03.2024 Скопје
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес свика состанок на Советот за национална безбедност во врска со престрелката во Москва.
Според информациите, Вучиќ средбата ја закажал за девет часот наутро.
Да потсетиме, пукањето се случи во концертната сала Крокус Сити Хол во Москва. Најмалку три маскирани лица во униформи отвориле оган. Според последните информации, загинале најмалку 40 лица, а повеќе од 100 се ранети.
Подготвено од А.Ѓ.