16.03.2024 Скопје
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, разговарал за ситуацијата на Косово и Метохија и, како што наведе, неподносливите услови за живот на српскиот народ.
„Ги разгледавме можностите и темите за продолжување на конструктивните разговори во Брисел, како и чекорите неопходни за напредок кон нормализација на односите меѓу Белград и Приштина“,истакна Вучиќ.
Тој додаде дека уште еднаш ја повикал меѓународната заедница „конкретно и решително да се вклучи во прашања од фундаментално значење за опстанокот на српскиот народ на Косово и Метохија и регионалната стабилност“.
Подготвено од А.Ѓ.