sad amerika

20.03.2024 Скопје

Врховниот суд на САД ја овласти државата Тексас веднаш да започне со спроведување на контроверзниот закон за имиграција кој им дозволува на државните службеници да апсат и приведуваат лица осомничени за илегален влез во САД.

Оспорувањето на законот е во тек пред Федералниот апелационен суд, но одлуката на Врховниот суд сепак носи значајна, привремена победа на државата Тексас, која се бори против имиграциската политика на Бајден.

Законот, потпишан во декември од страна на републиканскиот гувернер на Тексас, Грег Абот, го прави кривично дело нелегалниот влез во Тексас и им дозволува на судовите во Тексас да наредат депортација на имигрантите, иако спроведувањето на имиграцијата е одговорност на федералната влада.

Гувернерот Абот изјави дека одлуката на Врховниот суд претставува „позитивен развој“.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author