MAKEDONSKA POSTA

18.03.2024 Скопје

Синдикалните организации на Македонска Пошта, денеска од 08:00 до 10:00 организираат протест на членството пред Дирекцијата и во сите подружници на националната Пошта, преку кој ќе побараат исплата на платата за минатиот месец и решение за состојбата во претпријатието.

Во најавата за протестот од Синдикатот на Македонска пошта наведоа дека „поради алармантноста на состојбата и финансиската криза во која е доведена АД Пошта,  вработените се загрижени за опстојувањето и иднината на Поштата и  работните места“.

Според Синдикатот, комуникацијата со раководството е на многу ниско ниво, нема слух за проблемите на вработените и не се придржува до договорените ставови, права и обврски.

Подготвено од М.Д.

About Author