JSP TURS

19.03.2024 Скопје

Најстарата градска агенција ЈСП Турс која постои повеќе од 30 години е пред колапс. Вработените немаат земено плата четири месеци, а со тоа не им се плаќаат ниту придонесите ниту здравственото осигурување.

ЈПС Турс цели 15 месеци функционира без управител. Иако вработените инсистираат генералниот директор да назначи управител кој колку-толку би им ги решил проблемите тоа сепак не се случува.

Освен проблемот со платите оваа агенција се соочува си со превземање на вработените од ЈСП Турс во ЈСП Скопје со што се погласни се гласините дека ова се спрема стечај. Дополнително на врабоните им се врши мобинг преку испраќање на контроли кои имаат за цел да се врши притисок врз вработените.

Подготвено од М.Д.

About Author