19.03.2024 Скопје
Во Амурската област, на рускиот далечен исток, воведена е вонредна состојба поради инцидентот во рудникот за злато „Пионир“, во областа Зеја, каде 13 лица останаа заробени под урнатините поради пад на карпа, соопшти владата.
„Во Амурската област беше воведена регионална вонредна состојба поради инцидентот во рудникот Пионир во областа Зеја со цел да се мобилизираат сите сили и ресурси. Оваа одлука беше донесена на вонреден состанок одржан од регионалниот гувернер“, се вели во соопштението на владата.
Претставник на службата за вонредни состојби изјави дека во рудникот во моментот на уривањето имало 13 лица и дека се уште не се контактирани.
Групата спасувачи, главно од Руската Република Јакутија, се состои од 25 вработени, а со нив пристигнале и четири парчиња опрема.
Покрај тоа, хеликоптерот Ми-8 на руското Министерство за вонредни ситуации полета од територијата Хабаровск до местото на несреќата.
Од оперативните служби велат дека, според првичните информации, луѓето се на длабочина од 100 до 150 метри, а засега нема информации за можни жртви.
Подготвено од А.Ѓ.