baltimor most

27.03.2024 Скопје

Шефот на противпожарната служба во Балтимор, Џејмс Валас изјави дека две лица се спасени од реката Патапско, каде товарен брод го урна мостот Френсис Скот Ки.

Нуркачите трагаат по 20 луѓе во реката која моментално е 9 Целзиусови степени, а гувернерот на американската сојузна држава Мериленд Вес Мур прогласи вонредна состојба.

„Ние сме им благодарни на храбрите мажи и жени кои вложуваат напори да ги спасат инволвираните и се молиме за безбедноста на сите“, рече Мор.

Околу 1:30 ноќеска, кога се урна мостот, температурата на водата беше околу -1 Целзиусов степен, изјави портпаролот на противпожарната служба во Балтимор, Кевин Картрајт.

Американската крајбрежна стража соопшти дека повеќе возила биле во водата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author