19.03.2024 Скопје
Развојот на беспилотни системи, односно беспилотни летала е клучен за обезбедување предност на Киев во однос на нумерички супериорните руски сили, напиша денеска на социјалната мрежа Телеграм, врховен командант на вооружените сили на Украина, Олександр Сирски.
„Бараме асиметрични решенија за да добиеме квалитативна предност во однос на бројно супериорниот противник“, изјави Сирски по средбата со неговиот заменик Вадим Сухаревски.
Со повеќе луѓе и оружје во рацете, руските сили го зголемуваат притисокот на целиот фронт и постепено напредуваат.
Во февруари, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го назначи Сухаревски да го води развојот на беспилотни системи, кои ја префрлаат битката од бојното поле на бомбардирање на воената, енергетската и транспортната инфраструктура.
Воените аналитичари велат дека беспилотните летала може да и дадат технолошка предност на Украина, но и руската индустрија за дронови брзо се развива.
Подготвено од А.Ѓ.