29.03.2024 Скопје
Во среда на 3 април, ден пред стартот на предизборната кампања за претседателските и парлемнатрните избори, ќе го следиме долгоочекуваниот и одлучувачки „ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“, помеѓу најголемите политички опоненти и претенденти за премиер – Димитар Ковачевски лидер на СДСМ и Христијан Мицкоски лидер на ВМРО-ДПМНЕ.
Каков претседател и треба на државата? На каква платформа ќе не очекува од ВМРО-ДПМНЕ, а која година во ЕУ може да се надеваме со СДСМ? Уставни измени или нов договор со ЕУ и Бугарија – кое е поверојатно сценарио за земјата да остане на европскиот колосек?
Граѓанска, мултиетничка или бинационална – во каква Македонија ќе живееме? Има ли етика во политиката или целта да се стигне до 61 пратеник ќе ги оправда сите коалиции?
Како да се стави крај на корупцијата и младите повторно да гледаат перспектива дома?
Кој се „бори“ за Република Северна Македонија, а кој за фотелјата на Илинденска… Што се црвените линии на Ковачевски, а што на Мицкоски.
Подготвено од М.Д.