19.03.2024 Скопје
Пратка од 260 килограми кокаин е запленета во пристаништето Копар.
Дрогата која на пазарот вреди околу 10 милиони евра била пронајдена на брод со соја од Јужна Америка.
Чуварите забележале дека нешто не е во ред додека двајца нуркачи се обиделе да извлечат пет големи вреќи од резервоарот за вода со баласт.
Двајцата со подводен скутер се симнале по реката Рижана.
Откако биле забележани, уапсени се државјаните на Бразил и Албанија.
Словенечката полиција најави дека по овој повод ќе се огласи.
Подготвено од А.Ѓ.