06.03.2024 Скопје
Еуфор најави дека во наредните денови граѓаните може да забележат поинтензивно движење на возилата на овие сили на улиците низ Босна и Херцеговина, а овие активности се поврзани со враќањето на романските резервни сили од Босна и Херцеговина во Романија.
„Распоредувањето на делови од резервните сили на Еуфор во БиХ се врши редовно заради обука /на пример за нашата годишна вежба „Брз одговор“/. Овој систем на ротација на резервните сили дополнително ги зајакнува напорите на Еуфор да обезбеди поддршка на властите на БиХ во одржувањето на безбедна и стабилна средина, како и комбинирана обука со вооружените сили на Босна и Херцеговина“, се наведува во соопштението.
Подготвено од А.Ѓ.