shvedska policija

08.03.2024 Скопје

Шведската полиција уапси четири лица поврзани со исламски екстремисти, кои се осомничени за подготовка на терористички напад, соопштија од безбедносната служба Сапо и обвинителството.

„Ги откривме нивните врски со сериозен организиран криминал, како и меѓународни врски со терористичката организација Исламска држава“, изјави портпаролот на Сапо.

Тој не даде дополнителни детали за осомничените врски со ИД, идентитетот на осомничените или природата на наводниот планиран напад.

Апсењата следеа по опсежна истрага за случајот, се вели во соопштението на полицијата.

Државното обвинителство во соопштение прецизира дека апсењата се извршени во областа Стокхолм.

Шведските медиуми претходно објавија дека голем број полицајци заедно со припадници на службата за безбедност извршиле апсење во Тирез, јужно предградие на шведската престолнина.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author