07.03.2024 Скопје
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, нареди за време на инспекцијата на голема воена база да се воведе највисок степен на борбена готовност на севернокорејските војници.
Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, за време на инспекцијата на голема воена база на западот на земјата, нареди воведување на највисок степен на борбена готовност на севернокорејските трупи и побара од армијата да биде подготвена за војна.
Обиколката на Ким во воената база, чија локација не е соопштена, се одржа веднаш по почетокот на редовните годишни комбинирани воени вежби на силите на САД и Јужна Кореја.
Во овогодинешните заеднички американско-јужнокорејски воени маневри, кои започнаа во понеделникот во јужна Јужна Кореја, беа ангажирани двојно повеќе сили во споредба со минатогодишните вежби.
Ким рече дека севернокорејската армија мора „динамично да спроведе нови, засилени воени подготовки во согласност со барањата на сегашната ситуација“.
„Нашата војска треба постојано да ги интензивира вежбите за симулирање војна и брзо да ги надградува своите борбени способности до совршена подготвеност за вистинска војна“, рече Ким.
Севернокорејскиот лидер не ги спомнал вежбите на американската и јужнокорејската армија, но ги надгледувал своите војници кои изведувале маневри во услови на симулација на вистинска воена ситуација.
Подготвено од А.Ѓ.