Image by senivpetro on Freepik

09.03.2024 Скопје

Во САД, во февруари беа отворени 275.000 нови работни места, што ги надминува очекувањата на пазарот за раст од 200.000, објави американското Биро за статистика на трудот (BLS).

Најголем број луѓе, 67.000, биле вработени во здравството, а 52.000 во јавниот сектор, се наведува на веб-страницата на организацијата.

Отворени се нови работни места и во образованието, угостителството, социјалната заштита, градежништвото и транспортот и складирањето.

Американскиот институт за обработка на податоци ADP во средата објави дека приватните компании во САД вработиле 140.000 нови работници во февруари.

Според веб-страницата на АДП, најголем број нови работни места, 41.000, се отворени во секторот угостителство и одмор, како и во градежништвото 28.000 и трговијата, транспортот и комуналните услуги 24.000.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author