skopje

19.03.2024 Скопје

Во Република Северна Македонија, официјално околу 100 илјади лица се невработени, но во реалноста бројот е помал, бидејќи најголем дел од нив работат во странство, како сезонски работници.

Ако се отворат сајтовите за вработување ќе се согледа дека најмногу се бараат работници во угостителството, рестораните и хотелите, работници во магацин, но и менаџери на продажба, пица-мајстори, возачи, хигиеничари, градежници, бармени, но и болничари, лица што се грижат за стари лица и фармацевти.

Најголемиот дел од нашата работна сила флуктуира во земјите како Хрватска, Србија, Словенија, каде што просечната плата е околу илјада евра. Постојат бројни анализи за состојбите на македонскиот пазар на труд, но меродавни се анализите што периодично се подготвувани од државните статистичари.

Статистичарите за последното тромесечје, исто така, утврдиле дека, во Република Северна Македонија, се вработени вкупно 687.459 лица во сите сектори. Најголем дел од нив, 529.803, се вработени во приватниот сектор, а најголем дел или 157.656 лица се во државниот сектор.

Анализирајќи го овој број, може да се согледа дека во земјава, најголем број од вработените се во неколку сектори, како што е преработувачката индустрија, земјоделството, трговијата, здравството, образованието, како и во јавната администрација.

Вработени во дејностите на здравствената и на социјалната заштита се 46.852 лица, од кои 18.522 се во приватниот сектор, а останатите 28.330 во државниот сектор.

Подготвено од М.Д.

About Author